20.01.2023

Ковачевски и СДС во паника прво удрија по медиумите, а сега вршат притисок на своите сопартијци кои им се противат на погубните политики

СДС и Ковачевски се во паника. Го губат тлото под нозете и затоа стануваат нервозни. Пред неколку дена ги нападнаа медиумите, квалификуваа новинари и телевизии, а сега веќе почнале и со притисоци врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Очајот во СДС го извади на виделина автократското лице на Ковачевски.

Очигледно дека СДС и Ковачевски сфатија дека ја изгубиле поддршката на мнозинството граѓани, но сега гледаат дека немаат поддршка ниту од членството ниту од одредени пратеници на мнозинството. Се тоа е резултат на погубните политики кои ги водат, криминалот, корупцијата и подредената позиција во власта. Затоа заедно со ДУИ посегаат по недемократски методи да ги дисциплинираат оние нивни членови кои не мислат како нив. Посегаат по притисоци кои ги прават групи од подземјето и кои стануваат се поголеми и поголеми.

Но веќе се помалку има што и се плашат на оваа власт на Ковачевски. Не може Ковачевски со својата автократија да ги држи сите во заложништво заради кариера и фотелја. Доаѓа времето на промена на власта и одговорност.