21.12.2022

Коалицијата на Арсовска и Ковачевски претставува колатерална штета за граѓаните на Скопје

Јанчева многу добро знае дека хаосот во Град Скопје се случува поради криминалната коалиција Тачела.

Коалицијата на Арсовска и Ковачевски претставува колатерална штета за граѓаните на Скопје.

Коалицијата Тачела единствено служи за тендери и бизнис зделки.

Пропаѓањето на претпријатијата под Град Скопје е последица од директорување на нестручни кадри на СДС, Левица и ДУИ.

Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ.

Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ.

Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица.

Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.

Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.

Арсовска со СДС единствено се залагаат за повеќе тендери кои што ќе им донесат пари.

Доказ за тоа е и договорот од 27 милиони евра кај што не е предвиден рабат, и буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра.

Одговорност единствено пред граѓаните на Скопје треба да понесат Арсовска и СДС.