И покрај бројните опструкции и блокади од централната власт, општините од Источниот и Североисточниот регион најавуваат капитални проекти за 2023 година Размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети, како и мерки за ублажување на ефектите од светската економска и енергетска криза беа главни теми на кои се дискутираше на регионална средба и трибина на повеќе општини која што се одржа вчеравечер во Кочани.На средбата, учество зедоа претставници на поголем број на општините каде градоначалниците и мнозинството во Советот се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, поточно од општините Кочани, Пехчево, Македонска Каменица, Виница, Кратово и Зрновци, како и претставници на повеќе комисии на ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески на трибината се осврна на опструкциите со кои се соочуваат општините од страна на централната власт.- Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата секојдневно се соочуваат со блокади од органите на централната власт. Лошата соработката и целосниот недостаток на кохабитација беше нотирано и во последните извештаи на Европската комисија, каде е потенциран и фактот дека во Република Македонија имаме целосното стопирање на процесот на децентрализација. Крајно време е централната власт да ги прифати изборните резултати од локалните избори и да им даде должна почит на градоначалниците како лица избрани од граѓаните – кажа Ристески.На трибината се обрати и Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Град Скопје и Општина Гази Баба, кој се осврна за потребата од добро планирање при изработката на буџетите на општините, кои треба да се реални и функционални и да одговорат на потребите на граѓаните. На трибината се обратија и Љупчо Папазов, Градоначалник на Општина Кочани, Александар Китански, Градоначалник на Општина Пехчево, Димче Атанасовски, Градоначалник на Општина Македонска Каменица, Mиле Петков, градоначалник на Општина Виница, Тодорче Николовски, градоначалник на Општина Кратово и Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци. Градоначалниците констатираа дека сите се соочуваат со константни блокади и опструкции од централната власт која не бира средства за саботирање на нивната работа. Дополнително, за да бидат работите полоши, претходно доделени средства од централниот буџет за проекти од нивните општини, без никакви образложенија или со небулозни изговори им се одземаат и пренаменуваат во општините каде градоначалниците се од редовите на СДСМ. Минатава година, покрај сите предизвици со кои се соочуваа општините, започнаа и проблемите предизвикани од светска економска и енергетска криза, каде општините повторно се оставени сами на себе да се справуваат со последиците од истите. Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.