Господине Ковачевски, дали не е бесрамно што Битола ја нема на вашата агенда и да доаѓате во Битола само по потреба, да се појавувате на промоција на туѓи проекти?
Дали не сметате, господине Ковачевски, дека на битолчани им должите одговори на многу прашања?
Дали знаете дека проектот топлификација, иако беше комплетиран и пред почеток на финална изведба, седум години е закочен токму од власта, што вие ја претставувате?
Господине Ковачевски, треба да им одговорите на битолчани до кога ќе има замрзнати цени-дали по Нова Година ги очекува нов ценовен шок и уште поголем пад на и така урнатиот животен стандард?
Дали, господине Ковачевски, како главен креатор и спроведувач на економските политики ќе им кажете на битолчани колку ќе се зголеми цената на електричната енергија и дали остануваме лидери на овие простори по тоа што граѓаните плаќаат најскапа струја на Балканот?
Господине Ковачевски, искрено пред битолчани одговорете дали сметате дека квалитетно образование може да се обезбеди без учебници?
Дали ќе преземете нешто сериозно во здравството и дали сте се запрашале како да ја подобрите катастрофалната состојба во битолската Клиничка болница, господине Ковачевски?
И така сте тука, битолските пензионери очекуваат да им кажете, господине Ковачевски дали ќе им излезете во пресрет на нивните барања или и натаму ќе ги оставите на работ на голо преживување?
Како ќе се справите, господине Ковачевски, одговорете пред граѓаните со криминалот, корупцијата, тендерите кои го тресат РЕК Битола и Клиничка болница и што конкретно презедовте?
Дали можеби, господине Ковачевски, се потрудивте да дознаете точно чија сопруга на советник од Советот на општина Битола е вработена во СВР Битола и името ќе го соопштите пред битолчани?
И последното прашање господине Ковачевски, ама одговорете го пред себе и вашата совест, дали не се срамите да доаѓате во Битола по се што во овие седум години како власт не направивте?
Времето до изборите и покрај сите ваши политизирања и махинации се скратува, дали размислувате можеби што ќе биде потоа или вашите и бизнисите на вашиот кум и вашата сопруга ве очекуваат?
Линк од ФБ објава на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола: