13.03.2025

Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски заврши само во домашен притвор за криминал тежок 167 милиони евра

Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски заврши само во домашен притвор за криминал тежок 167 милиони евра

Во изминатите седум години власт на СДС јавноста беше сведок како фирмата на синот на омилениот пратеник на Филипче од ДУИ, Јахоски ги снабдуваше најголемиот дел од јавните институции со мазут.

Увезениот мазут според јавно достапни податоци е канцероген што значи опасен по здравјето на граѓаните.

Преку спрегата СДС-ДУИ, правосудство и мазут мафијата во време на минатата власт масовно се труеја граѓаните, а криминалците од овие партии, на сметка на здравјето профитирале 167 милиони евра.

Јавно достапните информации говорат дека во периодот на Владата предводена од СДС, кога премиер е Зоран Заев и Венко Филипче министер за здравство, во декември 2021 година со буџетски пари направена е набавка на канцероген мазут во вредност од 15 милиони евра.

Спрегата на СДС со правосудството е повеќе од очигледна. СДС уште слугува и е помал коалиционен партнер на ДУИ, па така преку нивните инсталации во правосудството ги штити нивните луѓе.

Па така, инсталациите на СДС во корумпираното правосудството, кога на дел од првообвинетите им определиле мерка притвор, за синот на пратеникот Исмаил Јахоски, донесоа одлука да го пушти во куќен притвор.