06.02.2025

Иницијативата за разрешувања во Судскиот совет влегува во собраниска процедура, продолжува дигитализацијата во катастарот, наскоро теренски посети на општините

Интерпелацијата за Судски совет иницирана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е во фокусот на денешниот ден. Владата работи посветено и транспарентно , теренски посети кои ќе овозможат  размена на искуства, идеи и предлози, за да се мапираат предизвиците со кои се соочуваат општините , но исто така и напредок во дигиталната сфера, како забрзување на темпото кон целосна модернизација и дигитализација на катастарските услуги. 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницираат интерпелација за петтемина членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

Премиерот Мицкоски и министерот Перински наскоро со теренски посети на општините низ Македонија, со цел размена на идеи.

Продолжува дигитализацијата на катастарот, нова он-лајн апликација за увид во  статусот на барањата.

Премиерот со порака до трговците, преку дијалог да се надминат високите цени на производите, за да нема поголеми последици.

Гевгелија е град на културата за 2025 година, ќе се реализираат 142 проекти, за развој на економијата и малите бизниси.

ЛИНК ОД ФБ ОБЈАВА:

https://www.facebook.com/share/v/1A1BJgQnk5/?mibextid=wwXIfr