30.11.2023

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвојува 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции – за еден мандат тоа се 1 милијарда евра за канализации, водоводи, патишта, училишта, градинки

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 250 милиони евра од буџетот на државата за инвестиции во капитални проекти на општините. 

Оваа власт на СДС и ДУИ ги опструира, ги кочи и им одмага на локалните самоуправи раководени од страна на градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

После промената на власт нема да се прави никаква дискриминација и ќе се помагаат сите општини врз основа на нивните потреби и капацитети. 

ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во вистинските потреби на граѓаните, во патишта, улици, водоводи, канализации, училишта и детски градинки. 

За еден мандат над 1 милијарда евра ќе се инвестираат во подобрување на условите за живеење на секој човек. Додека во време на владата на ДУИ и СДС годишно 250 милиони евра „испаруваат“ заради метастазираната корупција и криминал, во иднина тие пари ќе завршат за сериозни инфраструктурни проекти во секоја општина. 

На тој начин секој човек ќе може да почувствува повисок стандард на живот, поблиску до европскиот, а не само декларативните изјави на сегашните владини функционери кои со едната рака мавтаат европски знамиња, а со другата рака ги полнат своите џебови. 

Доаѓаат промени, доаѓаат подобри времиња за граѓаните.