11.07.2025

За разлика од празната програма на СДС, нашата се реализира во рок од 4 години

Добро е СДС што ја чита програмата на ВМРО-ДПМНЕ и идеите таму. Штета што ние не можеме ништо да најдеме кај нив да прочитаме. Овие предлози на ВМРО-ДПМНЕ се ветени во четири годишниот мандат и ние тоа ќе го оствариме.

СДС сака народот да заборави дека државава беше во тежок минус и урнати темели и дека кога ја наследивме од нив наидовме на руини, грабеж, вртоглава инфлација, сиромаштија и распаднати институции, држава пред банкрот со потрошени сметки и долгови до гуша, држава во која 600 илјади луѓе живеаа со 150 денари дневно, и од која секој втор сака да се отсели, со преку 200 илјади иселени во нивно време и којзнае уште колку претходно.

Ние ветувањата ќе ги оствариме, а политиката не се овие дневни препукувања, туку планирање и сериозен план за развој и проекти со временски рокови и буџет. Нешто кое СДС никогаш нема да го разбере. Овие проекти, односно тоа што е возможно и согласно ветеното од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат реализирани согласно планот на Владата.

А зборовите план и стратегија и одговорност и совесност, предлагаме СДС да ги побара во речникот може ќе научи како се води Влада, наместо по нивните зборови кои ги одбележуваат нивните однесувања, корупција, бахатост, раскалашеност и предавства.