20.02.2025

Заврши времето на „како до сега“, на светскиот ден на социјална правда владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на мерки и проекти за благосостојба и достоинствен живот на граѓаните

Правдата е една од највисоките општествени вредности и најважна цел кон која се стреми владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за современо, демократско и организирано општество.

Благосостојбата на сите граѓани е најважниот сегмент и темелот на сите заложби на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На светскиот ден на социјална правда Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на мерки и проекти со кои ќе овозможи еднакви услови и можности за сите граѓани.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на мерки и проекти кои се реална помош на ранливите категории на граѓани.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги субвенционира граѓаните кои спаѓаат во ранливата група по 1000 денари за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради нови градинки, училишта реконструкции на студентски домови и спортски сали.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во соработка со општествено одговорни компании донира  255 системи за филтрација на воздухот наменети за градинки, училишта, болници и други јавни установи.

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за 1.000 производи.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за ранливите категории на граѓани.