27.01.2025

Денот во 60 секунди – Владата се фокусира на економски раст преку реализација на инфраструктурни проекти, јакнењето на македонската берза на електрична енергија е клучно, МВР во борба против нелегална трговија со оружје

Премиерот Мицкоски оствари телефонски разговор со британскиот државен секретар Дејвид Лами, со акцент за интензивирање на пријателските односи и заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката и економската размена.

Министерот Николоски очекува оваа година над 85% реализација на капиталните расходи, и  отворање на фронт за работа за 67 километри автопат.

Во МВР беше извршено примопредавање на опрема за борба против нелегалната трговија со оружје, која ќе се користи во граничната и криминалистичката полиција.

Министерката Божиновска заедно со МЕМО и Бирото за јавни набавки, ги презентираа придобивките од индексирањето на цените при јавна набавка на електрична енергија според податоците на домашната берза

Македонија се трансформира!

ЛИНК ОД ФБ ОБЈАВА:

https://www.facebook.com/share/v/19vdQCVSrS/?mibextid=wwXIfr