20.03.2023

Груби и Ковачевски за надзор на автопати избраа фирма за гаќи, кинески капитал и лик вмешан во корупција во Ерменија- овде смрди на корупција и криминал

Ковачевски и Груби на скандалозен начин избраа надзор за изградбата на коридорите 8 и 10д. Иако лажеа дека надозор ќе го врши меѓународен конзорциум, на виделина излезе фактот дека всушност најголем дел од парите ќе завршат во контроверзи компании од Македонија.

Прво, најголем дел од 22 милионскиот тендер ќе завршат кај Електра Солушн, компанија која лиценца за надзор добила во текот на тендерскиот повик. Оваа компанија се занимавала со производство на гаќи и долна облека, а за посуспешно да се „преструктуира“ во бизнисот за надзор во градежништвото добила и грант од 65 илјади евра од Фондот за иновации. Очигледно дека постои цел еден организиран систем кој стои зад овој скандалозен тендер што смрди на криминал и корупција. Патем, Електра Солушн е тесно поврзана со компаниите кои го добија претходниот тендер за надзор, но беа означени како фирми поврзани со руски капитал.

Дека овде се работи за огромна матна зделка на која и кумува власта на Ковачевски и Груби говори и фактот што во надзорот е вклучена и компанијата „Евро консалтинг“ чиј основач и сопственик е Бранислав Димитријевиќ, човек кој е вмешан во криминал во Ерменија и кого дипломатите на Бујар Османи на шверцерски начин го извлекуваа за да го спасат од одговорност. Што повеќе да се каже, Османи го извлекува ликот осомничен за криминал во Ерменија, а Груби и Ковачевски го ангажираат во Македонија.

Капак на се е фирмата ЕПТИСА, компанија која е во потполност со кинески капитал и која ќе биде единствен пример во светот, кинеска фирма да врши надзор над американски компании изведувачи. Истата оваа компанија ЕПТИСА, од Влада на СДС и ДУИ добила негативна референца и препорака со нејзе да не се соработува, заради непочитување на закони, неетичко и несоодветно работење. Сега таа компанија со такво лошо педигре ќе крка пари од тендер и ќе води надзор.

Ковачевски, но пред се Груби свесно ангажирале ваков надзор на автопатите. Тие знаат дека со контроверзи и криминогени субјекти во надзорот лесно може да се договорат, но не како да се изгради нешто подобро, туку како да се направи дубара.

Одговорност за овој скандал мора да има. Јавното обвинителство не смее да молчи, бидејќи ова е класичен пример за местен коруптивен тендер. Обвинителството доколку молчи станува соучесник, и во иднина кога ова ќе се истражува ќе одговараат и тие кои што ова го премолчиле и го дозволиле.