09.10.2022

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа како се работи, општините се претворени во сервис за граѓаните

СДС знае дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се поуспешни и имаат повеќе резултати, дури и од самата влада, која има повеќе ресурси, и затоа тргна во црна кампања.

На локално ниво секој ден има некој нов проект, а со месеци немаме слушнато за нов проект на владата.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа како се работи, општините се претворени во сервис за граѓаните.

Општините се отворени за граѓаните, и проблемите кои ти ги имаат, а беа наталожени во време на СДС се решаваат. Градоначалниците работат транспарентно и во интерес на сите.

Откако локалните самоуправи во поголемиот дел од државата ги преземаа кадри на ВМРО-ДПМНЕ, не поминува месец, а да нема нова капитална инвестиција.

Направени се стотина километри улици и канализации.

Голем број на градинки се прават низ поголемиот број на општини, а се реновираат и училишта и се инвестира во материјали за работа.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ иако со бројни опструкции од централната власт се справуваат со предизвиците и покажуваат резултати.