31.01.2023

Гази Баба е на брза трака за развој, општинската обврзница е за изградба на училиште кое СДС го вети, а не го направи, две детски градинки и инфраструктура, времето на СДС заврши

СДС се во паника, затоа што Гази Баба се развива. За една година се реализирани огромен број проекти, само во првиот месец од новата година се започна со изградба на нови седум километри фекална канализација, пешачки патеки и асфалтирање на локални улици.

Време е за брз развој на општината. СДС знае дека никогаш повеќе нема да можат да дојдат на власт во Гази Баба и затоа е паниката од проектите.

Општинската обврзница е за изградба на нови капитални инвестиции.

Со општинската обврзница ќе се изгради нова училишна зграда во ООУ „Крсте Мисирков“, како и две нови детски градинки на територија на општината.

Парите од обврзницата ќе се искористат за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Црешево, како и за изградба на фекални канализациони системи во Јурумлери и Гоце Делчев.

Културниот дом во Ченто ќе биде реконструиран и ќе добие нов лик со парите од обврзницата.

Доколку СДС се толку загрижени за Гази Баба зошто не обезбедуваат средства од буџетот на Република Македонија за изградба на новата училишна зграда на ООУ „Крсте Мисирков“, нешто што го ветуваа на граѓаните?

Времето на СДС во Гази Баба заврши. Гази Баба е на брза трака за развој.