22.09.2023

Во Македонија не владее правото, туку владее мафија- криминалот и корупцијата се главниот приоритет на владата

Во Македонија не владее правото, туку владее мафијата. Во Македонија криминалот и корупција се основниот приоритет на владата на СДС и ДУИ и само тоа перфектно функционира во цела држава.
Впрочем во Македонија има случај семејството на лидерот на владеачка партија да стекне милионски вреден удел во трговски центар, без да вложи денар. Тоа го нема никаде во Европа.
Само во Македонија владата доделува државно земјиште за едно евро на компанијата во која семејството на премиерот има удел. Тоа го нема никаде на друго место во Европа.
Во Македонија има случај на три години да се набавува лиценциран софтвер за 40 милиони евра од компанија на колега на премиерот. И тоа го нема никаде во Европа.
Во Македонија компанијата Евровиа, донатор на партијата ДУИ добива вносни милионски тендери од државата и се ангажира на изградба на патишта кои ќе се плаќаат со народни пари. Ова го нема исто така никаде во Европа.
Овде во Македонија компаниите на семејствата на владините функционери или се најбрзо растечки компании или се занимаваат со највносните бизниси кои ги регулираат самите во владата.
Само во Македонија се правел бизнис со терапии и лекови на грбот на најтешко болните. Тоа го нема никаде во Европа.
Само во Македонија наместо за печатење на учебници милиони евра се трошат на организирање на настани. Над 8 милијарди евра достигна долгот и се уште ќе се зголемува со нови задолжувања, а ниту ал ни абер нема од инвестиции.
Учениците немаат учебници, земјоделците немаат соодветна поддршка, по аптеките нема основни лекови. И ова го нема никаде во Европа.
Но во Европа немаат ваква корумпирана и криминална власт каква што постои во Македонија. Оваа власт е спремна на се само да ќари нешто од некој тендер или набавка.  Со оваа власт Македонија секој ден тоне се подлабоко и подлабоко. Избори и Промени се потребни веднаш.