06.06.2025

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Курбан Бајрам на сите припадници на исламската заедница со желби за мир, благосостојба и хармонични односи меѓу луѓето

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам, со желби за добро здравје хармонија и  благосостојба.

Празникот Курбан Бајрам е празник на хуманоста и солидарноста, кои како основни принципи не обединуваат и поврзуваат.

Солидарноста и подавањето на рака е израз на човечност.

Македонија има традиција на взаемна толеранција, почит и разбирање, но најважно од се луѓето од различна вера и етничка припадност, да градат инклузивно општество.

Да се издигнеме над проблемите, предизвиците и факторите кои имаат интерес од разединувањето. Безидејноста и неконструктивноста на неколкумина да ги замениме со идеја и сплотеност за заедничка иднина.

Македонија и нејзините граѓани без разлика на нивните различности, неопходно е да бидат сплотени, да си подаваат рака и заеднички да ги надминуваат предизвиците.

Нека е честит празникот Курбан Бајрам!