14.07.2025

Владата има слух за граѓаните, граѓаните на кои им е потребно ќе добијат 6 бесплатни ин витро обиди

Македонија се соочува со пад на наталитетот.

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ веќе предложи сет мерки за справување со демографските предизвици.

Една од најважните е воведувањето на 6 бесплатни ин витро обиди, финансирани од Фондот за здравствено осигурување.

Оваа мерка е директна поддршка за сите семејства кои се соочуваат со потешкотии во патот до родителството.

Затоа што здравството служи на граѓаните.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се слуша секој глас, и на здруженија, медицински установи, родители, експерти.

Здружението „До бебе по пат на ин витро“ одигра значајна улога, со идеи, истражувања и статистики кои помогнаа оваа мерка да биде реалност.

Ова е пример за соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Ова покажува дека Владата има слух за граѓаните, за праведно и функционално општество.