Арсовска продолжува да тоне во безидејност, бидејќи не се покажа на функцијата која што ја доби од граѓаните, па почна да прави театар низ главниот град.
Театарот на Арсовска е по насока на нејзините коалициони партнери СДС и ДУИ, кои сеуште не можат да се помират дека се во опозиција и пробуваат да добијат што е можно поголема медиумска видливост, па пробуваат на секој можен начин да го искористат тоа.
Арсовска е активирана од СДС и ДУИ во предизборието, откако минатите години ги преспа и не направи ниту еден проект за граѓаните, ама направи за лица блиски до ДУИ и СДС.
Тоа што таа му дала на синот на Блерим Беџети 12 илјади евра за интелектуални услуги, не го исчисти Скопје од ѓубрето во кое се давиме секојдневно.
Циркузот на Арсовска е само од интерес на СДС и ДУИ. Скопјани го препознаваат тоа и затоа тие се во паника!