Ако Зечевиќ и Ковачевски се луѓето од кои се плаши ВМРО-ДПМНЕ како што вели СДС, тогаш ајде на избори.
Еве Ковачевски нека не го слуша ВМРО-ДПМНЕ, нека ги слуша пратениците од СДС кои бараат избори.
Ковачевски и Зечевиќ се уплашени и затоа што се повеќе функционери на нивната партија се за избори.
Само Ковачевски и Зечевиќ се плашат од избори зошто знаат дека ќе загубат, а после тоа ќе ги загубат и нивните политички кариери.
И Ковачевски и Зечевиќ знаат дека народ нема да ги избере да ја водат државата, ова им е шанса која сега ја добиле и никогаш повеќе, затоа што беа поставени без избори.
Ковачевски бега од избори за фирмите на кумот и неговото потесно семејство се шират низ Македонија уште некој месец повеќе.
Македонија не треба да биде заложник на кариерите на Ковачевски и Зечевиќ, кои се калфи на Ахмети и го слушаат Зајас и Струмица.