12.03.2026

Петрушевски: ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички

Почитувани,

ССМ е координирано и управувано од СДС.

Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС.

До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите.

Ова е тој документ.

Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев.

Ова е Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС.

Бранко Георгиев како главен теренаш на СДС сега е главен теренаш на ССМ.

Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион – сега е ССМ.

ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички.

Во наредните денови ќе продолжиме со објавување на сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ.

Ви благодарам.