30.09.2026

Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС, нам ни останува да се грижиме за граѓаните и државата

Почитувани,

Контрашот Венко Филипче полека, но сигурно се губи на политичката сцена. Секојдневно исти приказни, лажна загриженост, ширење паника во јавноста и секако не поминува ден без лаги.

Филипче треба да разбере дека овој негов филм не поминува кај граѓаните.

А зошто не поминува? Затоа што фактите постојано го демантираат. Фактите укажуваат на сосема поинаква слика од онаа која ја има во неговиот филм. На кратко, во најголемата енергетска криза дизелот има најниска цена во Македонија. Пензиите растат. Платите во сите сектори од образование, здравство, МВР се покачуваат редовно според планот.

Талогот од СДС знае само за марихуана економија, а истата им носи добивка само на неколкумина или на контрашот Филипче, неговиот учител Заев кој продаде се што можеше да се продаде од државата.

И да нема дилема кај Филипче, тој може да продолжи со неговиот филм. На ВМРО-ДПМНЕ тој филм му одговара затоа што овој филм на Филипче го носи СДС кон порази. И да е јасно, секако, тоа не е добро за државата, затоа што е потребна здраво поставена опозиција. Но, работата на ВМРО-ДПМНЕ е да се грижи за граѓаните и државата и да повика да се консолидира опозицијата.