Почитувани,
Дали катноста во ОУ „Коле Неделковски“ одговара на урбанистичкиот план или законот е заобиколен?
По информација добиена од родители, кои се сомневаат во градбата на доградените објекти во училиштето, градоначалникот Герасимовски ни должи одговори.
Затоа, го прашуваме Горан Герасимовски, дали од 1 септември, нашите дечиња од Центар и ОУ “Коле Неделковски”, учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измена во тек на градба?
Дали е точна информацијата дека за да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во технички простории?
Дали договорените и доградените делови во училиштето се диво изграден објект?
Доколку овие информации се точни, тогаш безбедноста на нашите деца е директно загрозена затоа бараме одговорност од градоначалникот за овој објект.
На Центар му се потребни промени, промени коишто треба да се случат веднаш.