Почитувани,
Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“.
Со ова ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри услови за прекугранична соработка.
Со усогласувањето на домашната законска рамка со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Владата го заврши својот дел од обврските и ја подготви Македонија за следната фаза од процесот на приклучување кон европскиот роаминг простор.
Разликата е очигледна.
Додека од СДС, се уште се обидуваат да ја убедат јавноста дека европската агенда е нивен приоритет, и покрај фактот што зад себе имаат оставено само неисполнети ветувања, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни придобивки за граѓаните.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека европските процеси, не се водат со декларативни изјави, туку со работа, реформи и конкретни чекори.
Почитувани,
Овој процес е уште еден доказ дека кога институциите се водат одговорно и домаќински, резултати има. ВМРО-ДПМНЕ нуди политики кои имаат директен бенефит за граѓаните и конкурентноста на македонската економија.
Остануваме посветени на модернизацијата, дигитализацијата и европската иднина на Македонија. Продолжуваме да работиме со истата енергија и посветеност, затоа што граѓаните заслужуваат власт која создава резултати.










