Почитувани,
Венко Филипче и талогот на СДС освен што шират лаги, манипулации и паника меѓу граѓаните, за дата центрите успеаја да се најдат и на линија против стратешкиот партнер на Македонија, САД, ама и на линија против ставови на свои сопартијци.
Во креирање на јавното мислење во САД против дата центрите вклучени се многубројни профили од Кина. Ова е разбирливо затоа што САД се најголем конкурент на Кина во оваа индустрија со дата центрите.
Филипче исто така се најде и на спротивна страна со поранешниот премиер од СДС, Димитар Ковачевски, актуелен пратеник кој јасно ја поддржа идејата за развој на оваа индустрија. Ковачевски вчера јавно ги објасни работите, меѓу другото и на Филипче, и укажа на користа за Македонија од дата центри како национален, така и од евентуалните идни приватни дати центри.
Ваквото однесување на талогот на СДС и Филипче говори само за нивната конфликтна природа. Тоа не е добро за никого, па ниту за Филипче и СДС.
Оттука е јасно дека од оваа партија која тоне од ден на ден не може да се очекува ништо што е во корист на граѓаните и државата.
Од друга страна актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ води политики кои јасно се за Македонија како модерна држава и во корист на граѓаните или повисок животен стандард и квалитетна животна околина.










