27.03.2026

Манасиевски: СДС и Филипче промовираат антидржавна политика по насока на куќниот пријател на Заев, Башановиќ

Почитувани,

СДС и Филипче промовираат антидржавна политика по насока на куќниот пријател на Зоран Заев, Башановиќ.

СДС од некогаш државотворна партија, стана прокси партија благодарение на Филипче, Заев и Башановиќ.

Коленичењето спрема одредени наши соседи и уважување на нивните барања е политика која е антидржавна, а таа е во статутот на СДС.

Заев, Филипче и Башановиќ ја промовираат и предаваат оваа политика која е штетна на Македонија и на македонскиот народ.

Затоа рејтингот на Филипче и на СДС се брои на прсти, а тие се чудат зошто е тоа така.

Не ја научија лекцијата која народот им ја предаваше и продолжија да делуваат антидржавно а сега и по насока на советникот на Заев, Зоран Башановиќ.

Ви благодарам.