03.07.2025

Трајковски: Љубе пак на сцена – втора епизода од истиот лош филм

Почитувани жители на Општина Новаци,

Кога мислевме дека СДС конечно ќе излезе од политичкиот стечај и ќе понуди нешто ново и вредно за поддршка, тие решија да го вратат Љубе – кандидатот кој веќе еднаш е казнет од народот заради неговото расипничко владеење  и доживеа голем пораз во прв круг. 

Очигледно, старите ликови се омилени во редовите на СДС. И покрај сè, тие повторно одлучија да застанат зад лице кое:

– За четири години успеа да ја задолжи општина Новаци – за над 1,2 милиони евра, а при тоа да не видиме ниту еден сериозен проект, додека главен приоритет му беше семејниот кадар – сопругата ја вработи во РЕК Битола, а синот прво во полиција, па потоа, откако не му се допаднало таму, да го превработи во ФОД Новаци.

Откако ги среди вработувањата во семејството премина на следните проекти:

–  Потроши ½ милион евра за доградба на општинската зграда со површина од 605 м2 која до скоро ја плаќаше актуелниот градоначалник Стевче Стевановски во кој објект има две кујни од најобична иверка се плаќало и по 7.500 евра;

–  За тампонирање на полски патишта само во 2021 година потрошил 145.000 евра, средства со кои комотно можеше истите да ги асфалтира;

–  Во 2020 година, Љубе потрошил 800 000 денари или трошел 67 000 денари месечно за гориво за неговото возило, ново луксузно возило кое го купи веднаш откако стана градоначалник и за кое само за 2 години поминал фанстастични  150 000 км. Можеби се возеше до Дубаи секој месец.

А, кога требаше да добие неповратни средства од 30 милиони денари од продажбата на карго аеродромот во Штип, Љубе беше, погодивте, единствениот градоначалник што тоа не го направи, односно не успеа да ги обезбеди. Но, за жал Иронијата не завршува тука.

Љубе, кој денес гласно се противи на изградбата на Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци, заборава дека токму владата на СДС, неговата сопствена партија, ја донесе одлуката за изградба на депонијата во Новаци, а целиот проект е јавно достапен во документот со наслов: „План за управување со отпад 2021–2031“ број 11-5063/1 донесен на 18.10.2021 година, од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање .

Па, почитувани, ова ли е “новата” понуда на СДС?

Еднаш видовме што значи Љубе. Втор пат ќе значи само враќање назад.

За среќа, жителите на Општина Новаци веќе покажаа дека знаат да препознаат празна форма во скапо пакување.