Почитувани,
СДС преку Димитријевиќ докажаа дека поради Заев се спремни да соработуваат и одработуваат за партии во други држави.
Средбата на генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ со Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ во Скопје, на која договарале соработка, била по насока на нивниот ПР шеф Башановиќ, а координирана токму од Зоран Заев.
Со ова СДС директно се стави во услуга на странски партии за да им помага во нивните делувања и да формира некакви опозициски фронтови, додека тука во Македонија стануваат маргинална партија.
Сето ова, СДС го прави само поради нивниот врховен лидер Заев, кој има лични и бизнис интереси со неговиот пријател Башновиќ.
Чудно, до каде се спремни СДС да тонат само поради Зоран Заев. Се радуваат на победи на избори на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, формираат опозициски фронт во трета држава, шират антидржавни политики на четврта држава, но никако да делуваат во својата држава.
И згора на се живеат во свој имагинарен свет, во кој бараат избори на кои се убедени дека ќе победат со само 4% рејтинг.
Во СДС се потребни реформи што побрзо бидејќи по следните избори, може да ги снема.










