Почитувани,
Главниот обвинител Коцевски буквално ја применува пораката „со штитот или на него“ која СДС му ја упати од Собрание, наместо на народот и служи на партијата.
Главниот обвинител Коцевски до сега играше по нотите на СДС, истото ќе продолжи и во периодот кој следи, а тоа е заштита на сите функционери од СДС фатени во сериозни криминали од одговорност.
Очигледно е дека главниот обвинител Коцевски нема да си даде оставка, и дека тој избрал улога на маша во рацете на СДС.
Но тој треба да знае дека одговорност за тие кои сега ги штити ќе има и ќе дојде, но исто така треба да знае дека и за секое негово незаконие на кое ќе се дрзне одговорност ќе има.
Се што до сега било направено, но и од сега ќе биде ревидирано во иднина.
Жално е само што главниот обвинител Коцевски целосно се стави во улога на заштитник на СДС и реши своеволно да го срамни со нула интегритетот на обвинителството.
Ние знаеме дека не сите обвинители се Љупчо Коцевски, дека голем дел имаат интегритет и знаење, само од партиски истурените не дошле во преден план, затоа ги охрабруваме да си ја вршат работата, без разлика од насоките или притисоците.
А одговорноста за сите криминалци и тие кои ги штитат доаѓа.