01.08.2025

Лефков: СДС се демаскирани, додека шоферот на Заев палел пожари, тие ширеа политичка паника

Почитувани,

СДС се демаскирани, додека шоферот на Заев палел пожари, тие ширеа политичка паника.

Самиот Зоран Заев ги потона СДС кога кажа дека лицето А.Н. кој е уапсен за потпалување на пожар во струмичко бил шофер во општината кога тој бил градоначалник.

Очигледната неискоординираност ја урна кампањата на Бихаќка како кула од карти, а на секого веќе му е совршено јасно дека луѓе блиски до опозицијата потпалувале пожари на повеќе локации низ државата, за што има и уапсени.

И додека лица блиски до СДС потпалувалe пожари, СДС цело време шири паника и преку драматични прес-конференции лажно се грижи.

Фактот дека имаме уапсени луѓе покажуваат дека пожарите не се природна непогода, туку се потпалувани.

Очекуваме да запре политичкото пироманство на СДС и наместо да шират паника и лажно душегрижништво, да се извинат на граѓаните.