25.07.2025

Лефков: Политиката на СДС, Заев и Филипче со Бојко Борисов ја донесе државата до бришење на идентитетот и јазикот од Резолуцијата на ЕП

Почитувани,

Политиката на СДС, Заев и Филипче со Бојко Борисов ја донесе државата до бришење на идентитетот и јазикот од Резолуцијата на ЕП.

Заев и СДС ја уништија дипломатијата и го урнисаа интегритетот на Македонија.

Бојко Борисов, кого Заев го нарекуваше брат лично се фали како тој го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП.

Тоа е истиот оној Борисов на кого Пендаровски му носеше поздрав од Заев со пораката – Бојко љубави.

Ова е резултат на политиката на Заев и СДС, кој кажа работи кои ниту најголемите бугарски шовинисти не можеле ниту да ги замислат.

Заев, Филипче и СДС се директно виновни за сите негирања од страна на Бугарија, затоа што за свој личен интерес продадоа се што можеа.

И сега Заев, Филипче и СДС, заедно со бугарски печурки во Македонија се тргнати против јазикот и идентитетот, затоа пречка е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, и затоа и нападите нивни се големи, со лаги и манипулации.

Едно треба да знаат дека ќе бидат поразени, затоа што се разголени и народот јасно гледа што прават.