Почитувана јавност, почитувани медиуми,
По четири години Ѓорче Петров е финансиски стабилна, инвестициски активна и општина насочена кон уште поголем развој во интерес на сите граѓани.
Буџетот кој е наменет за капитални проекти порасна од 25% во 2017 на цели 50% во 2025.
За период од 4 години досега вложивме вкупно 300 милиони денари во капитални проекти, сума којашто е историски најголема во период од еден мандат, до крајот на годината оваа вредност ќе надмине 400 милиони денари.
Во истиот овој период успеавме тројно да го зголемиме буџетот, а со тоа она што порано можевме да го реализиравме за три години, денес сме во состојба да го реализираме само за една.
Времето потребно за развој на Ѓорче го скративме трипати, а парите кои граѓаните ги плаќаат преку даноци и јавни давачки многу побрзо се враќаат назад,– во форма на подобри услуги, подобра инфраструктура и подобри јавни добра.
Накратко, сакам да ве информирам какво Ѓорче изградивме во само 4 години.
Работевме на проекти од сите области, работевме на проекти коишто ги вклучуваат дечињата во предшколската возраст, во образованието, во јавните сервиси на граѓаните, работевме на подобрување на инфраструктурата на изградба на капитални проекти во сите делови на општината.
Инвестиравме во проширување на капацитетите на детските градинки во Ѓорче, пред само две години ја отворивме новата градинка „Сонце“ во Волково, а во моментов ја градиме првата детска градинка со капацитет од над 120 деца во Стопански двор.
Во постапка сме за изградба на уште една детска градинка, тоа е новата детска градинка во Дексион, во изминатиот период вложивме значителни средства во сите основни училишта во општината, енергетски ефикасно го подобривме основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски, завршивме дограба на две училишта, основното училиште Тихомир Милошевски и подрачното училиште во Хром.
Успеавме да имплементираме многу нови наставни содржини со опремување на кабинетите по природни науки во повеќе училишта, сензорни соби за лицата со попреченост во сите училишта, Ѓорче Петров го доби и првиот центар за деца со попреченост со сензорен центар во детската градинка Пампурче.
Исто така, работевме континуирано на подобрување на условите за спорт и рекреација во општината.
Изградивме осум нови спортски терени, од кој, најголем дел во општината. Реконструиравме две големи мултифункционални игралишта со најсовремена тартан подлога, а општината Ѓорче Петров ги доби и првите терени на вештачка трева во рамки на училишните дворови.
На три локации сега нашите деца можат да спортуваат во најсовремени услови.
Паралелно со ова ги подобривме социјалните услуги кои ги нуди општината, го зголемивме износот за новороденче од 5 на 7.000 денари што е за 40 посто повеќе и прва општина сме која воведовме поддршка за децата на бранителите и нивните наследници кои бесплатно се сместуваат во градинките на територија на општината имаат бесплатен појадок во училиштата и користат други бенефиции.
Први ги ослободивме и бранителите од плаќање на надомест за уредување на градежно земјиште до 100 метри квадратни.
Работиме посветено и во другите делови, посебно внимание обрнуваме на лицата со попреченост. Во Ѓорче Петров наскоро ќе се отвори првиот дневен центар којшто ќе ги згрижува лицата со попреченост од различниот спектар на аутизам, којшто се со возраст млади и над 14 години.
Во Ѓорче Петров го реконструиравме старото училиште во Кучково, којшто во иднина ќе прерасне во регионален центар за деца кој што ја победиле битката со канцерот.
Ја зголемивме еднократната парична помош во рамки на општината и продолжуваме натаму посветено да работиме во делот на зголемување на социјалните услуги кои што ги користат возрасните лица. Како што е нега и услуга во домот, брзо копче за интервенција и транспорт бесплатен до здравствените установи.
Во делот на развојот на инфраструктурата направивме најголем исчекор, со тоа што го работевме она што е најпотребно за Ѓорче, а тоа е реконструкција и изградба на нови улици. Изградивме во изминатиот период околу 150 улици на територија на целата општина, би ги издвоил капиталните, улицата Радушка 1200 метра, улица која е една од најстарите во општина на којшто извршивме и на атмосферска и на канализациона мрежа.
Новиот пат Волково-Орман, успеавме да асфалтираме цели населби. Населбата Диво маало, улицата Исаија Маџовски во Хром, голем број на улици во руралниот дел на општината.
И тука не застанавме. Во најава сме и имаме веќе, во дел во постапка, за изведба над 90 нови улици на територијата на општина Ѓорче Петров, благодарение на поддршката и партнерството коешто го имаме со Влада на Република Македонија.
Почитувани, продолжуваме со уште позасилено темпо.
Вашата доверба е мојата сила и моja наjголема обврска. Доверба во подобра и посветла иднина, која заедно ја создаваме од првиот момент.
Темелот е поставен. Следува период на силен раст, развој и многу, многу проекти за секој еден од вас.
Создавме иднина заедно!










