Почитувани,
Филипче и СДС повторно демантирани и разобличени, овој пат од Томас Вајц и Брисел, ИПАРД програмата не е блокирана, Реформската Агенда има напредок.
За ситни политички поени, Филипче и СДС го манипулираа народот и ги лажеа земјоделците.
Лажеа дека средствата од ИПАРД програмата се блокирани и дека европските пари паѓаат во вода. Поранешниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски, секојдневно ликуваше дека средствата биле одземени, дека земјоделците биле оставени на цедило како во нивно време и дека земјоделците никогаш нема да добијат европски пари.
Но, вистината е сосема поинаква. По случајот во платежната агенција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презема сите механизми во своја корист, ги стопира процесите во платежната агенција, го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола, и се доби извештај во кој се испостави дека процесите се движеле по закон, дека нема злоупотреби на системот, дека системот е во функција и дека реализацијата на ИПАРД програмата ќе продолжи и натаму.
Втората лага преточена од центарот за лаги и манипулации на СДС, е демантот на европратеникот Томас Вајц кон Филипче, кој вчера јасно кажа дека таа изјава е стара неколку месеци, и дека Македонија апсолутно има напредок во делот со Реформската Агенда. Со оваа изјава на европратеникот Томас Вајц, уште една лага на СДС се распрсна како меур од сапуница.
Филипче и СДС мора да престанат да лажат и манипулираат со граѓаните. Секоја нивна изнесена теза, веднаш се демантира. Со вакви политики и со ваквиот однос СДС станува се помалку релевантна партија, без кредибилитет и без легитимитет од граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува и понатаму да работи на евроинтегративниот процес, домашната задача ја работиме, а тоа е поздравено од шефовите на мисии на државите членки на ЕУ во Македонија.










