Почитувани,
Изборот на СДС за кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров е срамен и крајно понижувачки за ѓорчепетровци.
Немањето соодветен кадар во СДСМ е евидентно.
Костадин Ацевски е човек со кого се поврзуваат повеќе негативни настани годиниве наназад и е продолжение на политиката на Зоран Заев и Венко Филипче.
Најпрво станува збор за човек кој додека беше пратеник без мандат од ѓорчепетровци гласаше за промена на уставното име Република Македонија.
Станува збор за човек за кого додека беше директор на институцијата Македонија пат, медиумите јавуваа за основано сомнение за набавка на битумен по далеку повисока цена од реалната.
Како овој човек ќе застане да бара гласови од жените? Кога сите знаеме за неговото однесување од пред неколку години.
И дали на пауза додека се бори против урбаната мафија, самиот тој е учесник во изградба на три згради?
СДС целосно потфрли со изборот на свој кандидат. Ѓорчепетровци не заслужуваат вакви луѓе.