21.09.2025

Андоновска: ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец, развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Добар ден!

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата затоа оваа Влада е нивен најголем поддржувач и партнер.

Апатичноста на претходната власт изразена преку неисплатени субвенции и афунционални системи за наводнување, сега е веќе минато. За само 15 месеци Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ исплати над 11 милјадра денари за заостанати и тековни субвенции, со што 70.000 земјоделци добија финансиска поддршка. Системите за наводнување пак се оспособени со што навремено е обезбедена вода за наводнување.

Од неодамна, во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започнато е доделувањето на картици за зелена нафта, мерка која опфаќа речиси 46.000 земјоделци, а за која се издвоени 540 милиони денари.

Оваа година утврдена е и рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец- 21,3 денари по килограм  и Смедеревка- 18,9 денари по килограм. Исто така оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица се откупуваше по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите.

Со ВМРО- ДПМНЕ за првпат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви и тоа 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари по килограм, без ДДВ.

Новина е отпочнувањето на кампањата „Македонско најдобро“ која има за цел раздвижување на домашната економија преку помагање на компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, како и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи.

Најмаркантен повик е т.н. мерка 50-50, со која се кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација.

Додека пак јавниот повик за млади земјоделци броеше 254 апликации од кои одобрени се 117.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец. ВМРО- ДПМНЕ продолжува со поддршката кон македонските земјоделци затоа ВМРО- ДПМНЕ е вистинскиот избор за твојата иднина!

Ви благодарам.