10.05.2025

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Почитувани,

СДС не запира со злоупотреби. Институциите каде се власт на локално ниво им служат како партиски штабови.

Ова се фотографии и видеа од пред неколку дена, кои сега преку свиркач, од незадоволен член на СДС стигнаа до нас и од овие фотографии се гледа како СДС злоупотребува училиште за партиски активности.

Јасно се гледа како училница е претворена во штаб, и како училиштето е специјално отворено за СДС во доцните ноќни часови.

Оваа злоупотреба не може да се случи без дозвола на директорот на училиштето и градоначалникот Костадин Костадинов.

Ги прашуваме Филипче и Костадинов, дали е ова демократија, и дали за ова се борат? За државниот имот да биде партиски и во партиска функција?

Ова е начин на работа на СДС со години. Овој начин на работа беше поразен низ цела Македонија, а ќе биде поразен дефинитивно и во Струмица.