Почитувани,
Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија претставува сериозен преседан и неодговорен чин кој отвора прашања и за безбедноста на претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство.
Во документот што беше јавно објавен се содржани чувствителни информации, меѓу кои детали за службените возила, лицата кои патувале, локацијата на престојот на семејството на претседателот, како и радиофреквенцијата што ја користело обезбедувањето. И наместо извинување и преземање одговорност од официјална Софија, јавноста доби молк.
Но, уште погласен е молкот на специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче. Човекот кој со месеци ги релативизира бугарските позиции и настапува како нивен најгласен адвокат во Македонија, денес нема ниту еден збор или осуда за овој дипломатски скандал.
Филипче повторно покажува дека кога станува збор за потезите на бугарските власти, секогаш избира да молчи. Не реагира ниту кога се негира македонскиот идентитет, јазик и историја, ниту кога со дипломатски преседан се доведува во прашање безбедноста на претседателот на Владата.
Овој случај уште еднаш покажува дека Македонија ќе се соочува со сериозни предизвици и притисоци на европскиот пат. Затоа државата мора да настапува единствено, достоинствено и со јасно поставени национални позиции, а не со политичари кои молчат кога треба да ја бранат државата.
Македонија нема да отстапи пред ваквите притисоци. Напротив, ваквите постапки само ја зацврстуваат определбата државата да ги брани своите национални интереси, достоинствено и со крената глава.










