07.05.2025

Манасиевски: Втор ден како Филипче молчи и не се откажува од наркодилерот Андон Стојков, каков интерес штити?

Почитувани,

Втор ден како Филипче молчи и не се откажува од наркодилерот Андон Стојков, каков интерес штити?

Венко Филипче се уште има можност да се огради од наркодилерот Андон Стојков, ако тоа не го стори и денес, сериозно се фрла сомнеж дека поврзаноста меѓу нив е повеќе од пријателска.

Венко Филипче да каже што интерес има од наркодилерот Андон Стојков, па мора да молчи со денови и да не смее да каже ниту збор?

Дали на Венко Филипче поважни му се пријателите наркодилери од самата партија?

Венко Филипче мора да се одважи и да даде став, се откажува од наркодилерот Андон Стојков или не?