03.05.2026

Манасиевски: СДС и Филипче лажно се претставуваат како проевропска опција, додека Европа ги демантира за секоја нивна лага

Почитувани,

СДС и Венко Филипче самите си ја лепат етикетата проевропска опција, додека најдобри другари им се Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака, проруски бизнисмени.

СДС и Филипче се претставуваат како проевропска партија, а нивните лаги и манипулации постојано се демантирани од европски институции и европратеници.

Ако навистина се проевропски, зошто Европа постојано ги демантира?

Последен пример е и лагата за изјавата на европратеникот и известувач за Македонија, господинот Томас Вајц. СДС ја спинуваа неговата изјава, а тој веднаш ги демантираше и јасно посочи дека Македонија има голем напредок во Реформската агенда.

Исто беше и со хистеријата што ја ширеа за ИПАРД средствата. И таа манипулација беше демантирана преку известување од Европската Комисија.

Додека Филипче говори за национални интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон, јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит. Тоа е директно омаловажување на еден од темелите на македонската државност.

И откако ќе излажат, никому ништо, нема извинување, напротив продолжуваат да ја повторуваат истата лага мислејќи дека само така таа ќе стане вистина.

СДС со Венко Филипче е истиот оној СДС со Зоран Заев.