07.07.2025

Петрушевски: СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат

Почитувани,

СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат.

За кандидат за градоначалник за Јегуновце СДС го кандидира Дарко Блажевски, поранешен градоначалник, кој граѓаните не го паметат по ниту еден проект, но го паметат по тоа дека беше успешен бизнисмен од позиција на избрана функција.

Имено Блажевски можеби не го реализира ветувањето да направи нов културен дом, но затоа успеа да го купи стариот за себе.

Блажевски како градоначалник не направи ниту водовод во Жилче, ниту канализација во Јанчиште. Блажевски беше дотолку неспособен што затвори и јавно претпријатие.

Доколку работеше ЈО и правосудните инстанци, Блажевски очигледно требаше да биде на суд, наместо во изборна трка.

Од друга страна во општина Сопиште, СДС кандидира целосно непозната личност.

СДС за Сопиште го кандидира извесен Ѕвонко Васев, кој децении не живее во општината.

Очигледно во СДС им било полесно да убедат некого да се кандидира за градоначалник на Сопиште, кој нема да треба да се врати по поразот во првиот круг и да живее во општината, затоа што поразот ќе му биде катастрофален, со 5 :1.

Кога ги гледаме кандидатите за градоначалници на СДС ни станува јасно во колку тешка позиција се и дека очигледно и самите сфаќаат дека бројот на општини кои можеби можат да ги добијат ќе се движи меѓу 1 и 2.