28.10.2022

Мицкоски од настан организиран од Конрад Аденауер: Учиме од позитивните примери од Германија, благодарни сме на соработката со Фондацијата, викендов ќе разговараме за перспективите и визијата за иднината

Почитувани,

Најпрвин благодарам на интересот, како што кажа господинот Браун, навистина интересен викенд ќе имаме. Продолжува соработката на Фондацијата Конрад Аденауер со ВМРО-ДПМНЕ, за што сме посебно благодарни бидејќи имаме можност да еве да учиме од примери кои што веќе се во пракса во Сојузна Република Германија. И мислиме дека тоа е значајно за сите нас.

Ќе разговараме за енергетската криза која што не е проблем само во Македонија иако кај нас тој проблем е огромен, проблем е насекаде во Европа во овој момент. Ќе разговараме полека како енергетската криза се трансформира во финансиска и економска криза, перспективите и нели планот и визијата во иднина.

Тоа е суштината на овој викенд, ние сме исклучително благодарни на Фондацијата Конрад Аденауер што овозможува вакви настани да се случуваат, да можеме да разговараме за актуелните теми. И се надевам дека ќе можеме како заклучок да донесеме некои нови предлог мерки кои што преку пратениците ќе ги предложиме во Парламентот, а како политичка партија на следните избори ќе ги преточиме во програмски одредби.