16.11.2023

Мицкоски: Европската Народна Партија со овој настан покажува почит кон ВМРО-ДПМНЕ, ние остануваме партнери на младите и многу ќе вложуваме во нив

Почитувани,

Добровечер и од мене, за мене претставува посебна чест, но и одговорност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да бидеме домаќини на еден ваков настан. Бидејќи ова претставува израз на почитување кон она што го прави ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската Народна Партија, но исто така и што го прави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на младината на Европската Народна Партија.

И цениме дека на ваков начин само додаваме вредност за Македонија и тоа од позиција на опозиција. Организирањето на ваков репрезентативен настан подразбира и начин на кој што се промовира нашата држава, нашата татковина.

Јас сум тука да ги поздравам учесниците на овој настан, да дадам недвосмислена поддршка како ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци од денеска ќе ја формира следната Влада во Македонија. Сакам да кажам дека посебен фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите. И ВМРО-ДПМНЕ многу вложува во политиките на младите бидејќи младите се иднината на која што се темели нашата држава, нашата Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ била партнер, е партнер и ќе остане партнер на младите.

Така што уште еднаш посакувам успешен настан, посакувам многу дружење и посакувам да има многу корисни и плодни дебати.