03.12.2024

Лефков: Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС

Почитувани,

Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС.

Филипче со поддршката и лојалноста кон Заев, покажува дека не се откажува од предавствата, аферите и криминалот.

Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажа од предавствата кои тој ги направи со Бугарија, ниту од неговите ставови за Делчев, Илинденското востание и Македонија.

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажа и од криминалите кои тој ги правел, од тендерите во РЕК Битола, ЕСМ. 

Филипче не се откажа од издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци.

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува и од рекетот и криминалот врз фирмите кои ги избираа и кои се негово секојдневие.

Филипче не се откажува од Заев, затоа што и тој сака да биде како Заев. Со Филипче нема ништо ново во СДС, повторно Заев е главен.