24.06.2026

Ангелова до Тренчевска: Не зборувате за резултати, поголема безбедност за граѓаните и држава во која законите важат за сите, се занимавате со политички конструкции и манипулации

Емилија  Ангелова пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница се осврна на резултатите и мерките кои се превземени од страна на МВР за засилените сообраќајни контроли, за акциите против возење под дејство на алкохол и дроги, за санкционирање за безообѕирно возење, за борбата против организираниот криминал и поголема безбедност на граѓаните.

„Јас сум за владеење на правото колешке, но не по селективна правда, тоа што не ги гледате резултатите туку гледате некои проблеми и ги премолчувате резултатите не е наша вина. Ако веќе зборуваме за МВР ајде да зборуваме за целата слика, да зборуваме за тоа дека денес полицијата е поприсутна на терен, да зборуваме за засилени сообраќајни контроли, за акции против возење под дејство на алкохол и дроги, за санкционирање за безобѕирно возење и дивите трки. Тоа не е политика тоа се спасени човечки животи“ кажа Ангелова и додаде:

„Да зборуваме колешке Тренчевска за борбата против семејното насилство, за побрза реакција на полицијата за заштита на жените и жртвите на насилството. За институционалната координација и јасната порака дека насилството нема повеќе да се толерира. Тоа е вистинско владеење на правото кога државата застанува зад жртвата, а не зад насилникот“ кажа Ангелова.

Ангелова се обрати до Тренчевска и истакна дека СДС не сака да зборува за резултати и проекти затоа што фактите не се на нивна страна туку постојано се занимаваат и зборуваат за политички конструкции и манипулации.

„Да зборуваме за борбата против организираниот криминал, но за тоа молчите, затоа што фактите не ви одговараат. Вие денес не расправате за резултатите. Вие расправате за политички конструкции, сакате да создадете впечаток дека ништо не се работи иако јавноста гледа дека се работи секојдневно. Владеењето на право е принцип што важи за сите и за власта и за опозицијата“, нагласи Ангелова.