04.07.2026

Пренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер? Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е 3,5 пати поуспешна од минатата влада на СДС


На денешната седница на Комисијата за финасирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој што истакна дека пратениците на СДС ги нема на седницата, ги нема Фатмир Битиќи, Ковачевски и Оливер.

„Почитувана колешке, најпрво го почитувам фактот што излеговте да зборувате на тема ребаланс на Буџет и сметам дека не е срамота тоа што кажувате 7,000, 26 милијарди, 1057 милијарди. Срамота е на тие што разбираат бројки и не се тука. Срамот не оди на вас, оди на нив. Колку можевте се обидовте од тоа што сте го слушале да кажете некоја флоскула реченица. Тие се шверцерски, душмански, тие се зборовите, ги знаеме. Но клучно прашање е каде е велепниот економист на социјалдемократскиот сојуз и вашата пратеничка група Фатмир Битиќи“ кажа Пренџов и додаде:

„Главата ни ја однесе овдека. Каде е Гордана? Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Еве ја министеркава е тука, него го нема. Лани исто беше. Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Дојде на буџет она стаса, тој во Тајван отиде. Тој треба да дојде да каже и да го нападне буџетот ако има аргументи. Затоа ви кажувам почитувам тоа што сте излегле, но тоа не ја отсликува реалноста на макроекономијата и на финансиските текови во рамки на Буџетот на Република Македонија.“ нагласи Пренџов.

Пренџов упати прашање каде се Ковачевски, Оливер, Битиќи и останатите „економисти“ на СДС.

”Каде е Таче да каже нешто? Ковачевски беше премиер, беше министер за финансии, заменик министер за финансии го нема. Каде е Оливер? Учествуваше во изработката на 12 буџети. Го нема нешто да каже, молчи. Секогаш тоа ви го зборувам просечниот раст на економијата на БДП то, тоа е основна бројка во Буџетот и од таа бројка потоа се прави се во државата и приходи и расходи и проекции се од БДП-то бруто домашен производ. Вашиот просек е 1,1% по просек сте растеле секоја година тие 7 години 2017, до 24 односно 18та 23,1%“ нагласи Пренџов.

Пренџов истакна дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е три пати поуспешна од минатата влада на СДС.

„Да немало влада само да била економијава повеќе растела. Денес расте 35, 36, 37, 34 или 3 и пол пати повеќе. Дали е малку тоа што оваа Влада е три ипол пати поуспешна од вашата? Можеби и малку, бидејќи за овој пустош треба и повеќе и се надевам дека ќе биде во иднина и повеќе. И тука тоа да го расчистиме со деминутивот трета економија во свет. Никој не вика дека ние сме појаки од Германија, од Италија. Тоа е нормално. Правиме муабет колку расте БДПто. БДП-то ви покажува на колку добар пат сте и ние сме на добар пат. Вака да сме растеле по 3 и кусур цело време уште од 2015 од кога почнаа политичките процеси во Република Македонија на сметка на економските сега ќе сме имале БДП 30 милијарди. Затоа почитувана колешке еве се обидувам помалку бројки да зборувам повеќе да биде политички бидејќи така вие настапивте. Сублимирам, почитувам тоа што излеговте. Не се тие бројките, не е таа состојбата. Тие се флоскулите за напад. Тоа е ваше, но состојбата е сосема различна“ заклучи Пренџов.