01.03.2023

Ристески: Власта е еклатантен пример за криминално владеење, неспособноста на оваа ненародна власт граѓаните ја плаќаат со живот

„Како вчера да беше кога ги гледавме скапо платените билборди каде ветувавте бесплатно здравство во Европската Унија, за да денес по само една две години ви умираат пациенти додека вие се пазарите и влегувате во Европа. Граѓаните ви умираат во нехигиена по болниците, ветувавте нов клинички центар, а истовремено го суспендиравте договорот за изградба на клинички центар во Скопје и од сето тоа после толку години остана раскинат договор и потреба од плаќање пенали од 8,5 милиони евра“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека со оваа Влада граѓаните само ќе ја плаќаат со живот неспособноста на оваа ненародна власт.

„Клиничкиот центар во Штип кои беше почнат со градба со доаѓањето на овие стручњаците од СДС е прекинат со градба, но хонорарите на луѓе блиски до власта, совецнити, пратеници, бишви градоначалници кои земале до 20,000 евра за некакви хонорари а болницата остана неизградена“, рече Ристески.

Ристески потенцираше дека анализата на „Finance Think“ не ја потврдува тезата на власта за економскиот развој.

„Власта зборува за економски развој и подобар животен стандард на граѓаните, а луѓето наместо ветените 4,5,6% проценти економски раст се сведеци дека ретерирате на 2% и под 2% економски раст а реалноста е дека се доближуваме кон рецесија. Анализата на „Finance Think“ не го потврдува тоа што го говорите за забрзан економски развој, напоритив ни дава податоци за нови 13 илјади граѓани од кои 5 илјади деца паднале во сиромаштија“, вели Ристески.

Тој додаде дека ова власт е еклатантен пример на криминално владеење и затоа се потребни нови предвремени парламентарни избори

„Се фалите со највисок процент на реализација на капиталните инвестиции. Велите 465 милиони евра мината година сте имале капитални инвестиции. 240 милиони евра од овие 465 што сте ги напишале се за плаќање на криминалот односно државна помош пари од буџетот на граѓаните префрлени на сметката на електростопанството на Македонија“, вели Ристески.