„Единствена блокада на реформите во ова Собрание е токму од вашите сопартијци и парламентарното мнозинство и владата. Ако сакате да работите на реформи на европската агенда тоа бара работа и посветеност, па и транспарентност, но тоа не успеавте да го демонстрирате во изминатиот период, попрецизно изминатите шест години“ нагласи Петрушевска.
Петрушевска додаде и дека во изминатите шест години институциите се оставени сами на себе и доживуваат колапс.
„Ако сакате да зборуваме за јавна администрација најдобра оценка евалуација за јавната администрација ќе ви ја дадат граѓаните. Во изминатите шест години институциите се оставени сами на себе и доживуваат колапс, па сведочиме на хакирање на страни и несреќни изјави од страна на министри за тоа како тие ќе одат во Брисел да бараат помош за хакирана страна, притоа забораваат дека ние сме членка на НАТО и имаме сериозна обврска кон истата“ нагласи Петрушевска.
Петрушевска рече и дека шест години оваа власт испорача ништо од она што било нивна заложба во делот на реформа на јавната администрација и промовирање на квалитетни јавни услуги за граѓаните.
„Истовремено забораваат дека шест години не испорачаа ништо од онаа нивна заложба во делот на реформа на јавната администрација и промовирање на квалитетни јавни услуги за граѓаните. Дополнително граѓаните не можат да дојдат до ред да извадат лични документи. Во моментот имаме дополнително штрајкови протести“ нагласи Петрушевска.