22.02.2023

Велјановски: Ковачевски се води од чиста математика и опстанок ден повеќе на власт

Иако Ковачевски во своето експозе истакна дека ова реконструкција не е мотивирана од имиња и презимиња и теснопартиски интереси и повторно се повикува на европски вредности, вистината е дека повторно се силува македонската демократија и дека денеска се случува нова крими коалиција, вели на денешната собраниска седница Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Велајновски додаде дека со оваа реконструкција Ковачевски покажал дека и понатаму е продолжена рака на Зоран Заев, но и на Артан Груби и Бујар Османи од ДУИ.

Ковачевски е продолжена рака на Зоран Заев, а богами и продолжена рака на Артан Груби и Бујар Османи, додаде тој.

Според Велјановски оваа Пазар 3 коалиција се води од чиста математика се со цел само да опстане ден повеќе на власт.

Оваа Пазар 3 коалиција не се води од интересот на народот и граѓаните, туку се води од чиста математика се со цел да опстане на власт. Па така имаме еден дел од министрите кои имаат бројни скандали и кои што се покажаа со своето неработење, но Ковачевски не побара оставки од нив, ниту пак се обиде да ги разреши. И додека цела држава е во хаос, додека имаме дојави за бомби денеска повеќе од 65 училишта, граѓаните живеат во страв, родителите се плашат да ги праќаат своите деца во училиште, тоа не е доволно да се побара одговорност од Оливер Спасовски кој што е прв полицаец и најодговорен за реодт и безбедноста во државата. Што треба да се случи за да се побара одговорност од Спасовски, праша Велјановски.

Според Велајновски оваа реконструкција и влегувањето на Алијанса на Албанците во владата на СДС и ДУИ нема да ја подобри лошата состојба во државата бидејќи како што рече највиновните за и понатаму остануваат на чело на владата.

Оваа реконструкција нема да промени ништо во работењето на владата затоа што вие господине Ковачевски останувате на чело на таа влада и главните актери кои што се највиновни за состојбите во Македонија исто така остануваат на тие места, истакна Велјановски.