16.10.2025

Тоневски: Ќе изградиме регионален пат до ски-центар Пониква и детско одморалиште


Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква.

Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово.

Поттик за турзимот, нови работни места и развој на локалните бизниси.

Дополнителна активност за младите.

Со современи стандарди, заштита на природата и предвидена зимска проодност.

Патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион.

Пониква е нашиот зимски бисер.

Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици.

Пробиштип се сака со проекти и дела.

За тебе. За твоето место. За твојата иднина!