09.10.2025

Шахпаски: Нов асфалт за урбано Митрашинци, подобра инфраструктура и еднаков развој

Животот во 21 век не смее да биде живот во кал и прашина.

За жителите на две клучни улици во Митрашинци ова е  секојдневен проблем кој го отежнува движењето и го нарушува квалитетот на живот.

Нашата програма нуди конкретно решение, се обврзуваме на целосно асфалтирање на овие две улици.

Ова не  е луксуз, туку основен стандард кој секој граѓанин го заслужува.

Обезбедуваме достоинствени услови за живот во секое населено место.

Заокружете го бројот 9 за рамномерен развој.