17.10.2025

Костовски: Бутел добива 2 нови мега паркови 

Почитувани граѓани на општина Бутел,

За време на следниот мандат ќе изградиме два нови мега паркови.

Едниот ќе го изградиме во населеното место Радишани, поточно близу трет влез.

Вториот мега парк ќе го изградиме близу булеварот Христијан Тодоровски Карпош, во населеното место Бутел 1.

Двата парка ќе се простираат на вкупна површина од 30.000 метри квадратни.