Почитувани,
Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и да бидеме чинители во општеството.
Тие се нашиот темел. За жал, нивниот пензионерски дом и околината околу пензионерскиот дом е во една катастрофална состојба.
Како градоначалник, веднаш ќе пристапам кон решавање на овој горлив проблем и итно ќе пристапам кон преземање на мерки за да се подобрат условите за живеење во моменталниов пензионерски дом.
Исто така, реката која поминува низ средината на Кичево, пред пензионерскиот дом, а воедно и пред општина Кичево се наоѓа во состојба на еколошка катастрофа.
Итно ќе го решам тој проблем со уредување на градското корито, по цела должина на реката Сушица.
Победуваме!










